ЕХФ со честитка за роденденот на Лазаров: Посакуваме засекогаш да те гледаме на теренот! (ВИДЕО)

235

Денеска ракометниот КРАЛ, нашата спортска икона Кирил Лазаров полни 42 години. Тоа е само бројка, а Лазаров од ден на ден покажува и докажува зошто е еден од најдобрите светски ракометари во историјата. Ние сме среќни што го имаме и како ракометар и како селектор.

По повод неговиот роденден, ЕХФ на своите социјални мрежи и официјално му го честиташе роденден со видео прилог од дел од неговите бројни настапи…

Денеска имате 42 години, и посакуваме времето да не лета за да можеме засекогаш да ве гледаме на терените. Среќен роденден, Киро…“стои во честитката на ЕХФ.

ПретходноОфицијална потврда: Халанд е фудбалер на Манчестер Сити!
СледноУЕФА и официјално го потврди новиот формат во Лигата на Шампионите!