Кадетите на Струмица се нови државни шампиони

102

Одбојкарскиот шампион во машка конкуренција, Струмица, има уште една причина за славење. Оваа година и кадетскиот тим на струмичкиот клуб освои шампионски трофеј.

На завршниот турнир од кадетскиот одбојкарски шампионат на Македонија, младите надежи на струмичката одбојка славеа во финалето над екипата на ГОК Борец со 3:0. Со тоа ја потврдија доминацијата и покажаа дека Струмица има таленти со кои ќе ја продолжи успешната традиција на одбојкарската карта во нашата земја.

Екипата на Јанта Волеј КВ го освои третото, додека Весна Пробиштип заврши како четврта оваа година во првенството кај кадетите.

ПретходноЛШ – квалификации 1.коло: Шкупи за потенцијални ривали ги има Малме, Карабах, Лудогорец, Шериф, Бодо/Глимт….
СледноУЕФА ги одреди 10-те града каде ќе се игра ЕВРО 2024