Мане донесе победа за Ливерпул на „Вила Парк“ (ВИДЕО)

167

По голема борба фудбалерите на Ливерпул обезбедиј победа од 2:1 на гостувањето кај Астон Вила и остануваат во трка за шампионската титула во Премиерлигата. Клоп на денешниот меч почна со променет состав, го остави Салах на клупата, а имаше неколку промени и во средниот ред.

Домашните успеаја во експлозивен старт уште во 3. минута да дојдат во водство со голот на Даглас Луиз, но радоста на „Вила Парк“ траеше само три минути, додека Матип во 6. минута успеа да израмни на 1:1.

На гол за победа „црвените“ чекаа се до 65. минута, кога по една извонредна асистенција на Луис Диаз, Мане успеа со глава да ја смести топката зад грбот на домашниот голман Емилијано Мартинез.

Standings provided by SofaScore LiveScore

ПретходноДевет поени за Димитријевиќ и победа на Валенсија
СледноЛиверпул ќе купува 18-годишен бек од Абердин