Во обидот да се освојат нови кошаркарски пазари, НБА се сели и на блискиот исток. Според најновите информации потврдени од најсилната кошаркарска лига, Атланта и Милвоки ќе одиграат два натпревари во Абу Даби како дел од претсезонскиот турнир на НБА за сезоната 2022/2023 година.
Клубовите ќе играат меѓу себе на 6 и 8 октомври во „Етихад Арената“, изградена и отворена во 2021 година на островот Јас.
Ова ќе бидат први НБА натпревари и во Обединетите Арапски Емирати, но и на блискиот исток.