Со 2:0 во сетови, а во гемови со 6:3 и 6:2, Новак Ѓоковиќ просто го „збриша“ Аслан Карацев од Русија на мастерсот во Рим. Со оваа денешна победа Србинот се пласира во следната фаза на еден од најсилните турнири во светот на тенисот во пресрет на Ролан Гарос.
Се гледа дека Новак е во одлична форма и дека без проблеми го „преболе“ поразот од Карлос Алкараз во полуфиналето на мастерсот во Мадрид пред неколку денови.