Партизан поведе во полуфиналето на АБА лигата против Будуќност

128

Кошаркарите на Партизан го победија Будуќност со 82:66 во Белград и поведоа со 1-0 во полуфиналната серија од АБА лигата (се игра до две победи).

Гостите тргнаа добро, но по водството од 10:4 застанаа. Со серија од 14:5 до првиот брејк, „црно-белите“ направија пресврт.

Во втората четвртина пресудна беше серијата 11:0 за домашните, а потоа во третиот дел Партизан умешно ја одржуваше разликата. До крајот на мечот гостите останаа без шанси за успех.

Вториот натпревар од полуфиналната серија на АБА лигата ќе се одигра на 15 мај во подгоричка „Морача“.

ПретходноИ во Германија се “мести“: На двете екипи им одговараше 1:1, па само си додаваа! (ВИДЕО)
СледноНБА ќе се игра и во Абу Даби: Милвоки и Атланта на предсезонски дуели на Блискиот Исток