Откако пребогатите Арапи му го донесоа Ерлинг Халанд, останува само уште промоцијата, се чини дека Пеп Гвардиола сакал нејќел ќе мора во следната сезона конечно да ја освои Лигата на Шампионите. Норвежанецот е „клучот“ кој недостигаше, а уште ако дојдат и Френки де Јонг и Пол Погна, тогаш Сити би имал мега – тим.
Но и без тие двајца тимот од „Итихад“ е СТРАШЕН.
Ако нешто не се измени и ако Бернардо Силва и Рахим Стерлинг останат, подолу на графиката можете да го видите целиот потенцијал со кој Пеп ќе располага за следната сезона.
Голмани се Едерсон и Стефен, во одбраната се тука Вокер, Стоунс, Лапорт, Диас, Аке, Зинченко, Кансело. Во средниот ред ќе може да смета на Палмер, Де Брујне, Родри, Гундоган, Бернардо Силва. И во нападот Халанд, Марез, Фоден, Жезус, Алварез, Грилиш, Стерлинг.
ФАНТАСТИЧНО…
Уште само Пеп да знае како треба, тогаш се ќе биде во ред за газдите и фановите на Манчестер Сити.