Португалскиот тениски судија Даниел Зеферино е доживотен суспендиран поради кршење на антикорупциските правила.
Зеферино беше обвинет дека манипулирал со резултатите од неколку натпревари, при внесување на резултатот, за да обезбеди добивка на одредени облози на светските обложувалници. Измамата се случила во 2020 година на ИТФ Челинџер во машка конкуренција кој се играл за награден фонд од 15.000 долари/
Португалецот призна и не ги оспори обвиненијата, а ИТФ го суспендираше доживотно, со оглед на сериозноста на бројните прекршоци. Тој повеќе нема да може да суди на тениски турнири под покровителство на која било меѓународна или национална асоцијација.