Диего Симеоне се најде во центарот на вниманието по градското дерби против Реал Мадрид. Неговиот тим на домашен терен славеше со 1-0 и го осигура местото во Лигата на шампиони.
Диего Симеоне се најде во центарот на вниманието по градското дерби против Реал Мадрид. Неговиот тим на домашен терен славеше со 1-0 и го осигура местото во Лигата на шампиони.
По оваа средба Симеоне се најде на удар во англиските медиуми, откако се ракуваше со Карло Анчелоти. Причината е едноставна, откако неговиот тим беше совладан во 1/4 финалето во ЛШ од Ливерпул, аргентинскиот стручњак не се поздрави со Јирген Клоп, за овој потег даде објаснување.
„Не ги сакам поздравувањата и ракувањата со тренерите по мечевите. Тоа никогаш не го правам“.
Но, против Реал приказната беше поинаква, па новинарите го прашаа зошто се ракувал со Анчелоти.
„И претходно го имам направено тоа со тренерите на Валенсија и Атлетик Билбао. Се зависи од мечот. Некогаш едноставно се среќаваме во тунелот на патот кон соблекувалните. Навистина му се воодушевувам на Анчелоти, тој е неверојатен тренер. Освои титули во сите најголеми лиги. Тој секогаш се однесува исто без разлика дали неговиот тим победува или губи“, изјави Симеоне по мечот.