Скај тврди дека Ибрахимовиќ плаче од нереални болки

289

Златан Ибрахимовиќ во недела против Аталанта го игра последниот натпревар, не само во дресот на Милан, туку во кариерата. Оваа информација ја објавија медоими блиски до лидерот во Серија А.

Скај Италија открицва дека во последно време има големи болки и игра под анестезија.

„Толку има добри вести за Милан во последно време што ни е жал што мораме ова да го објавиме. Златан наверојатно ја завршува својата кариера. Добив информација дека на еден од последните тренинзи плачел од болки, игра под анестезија за да може да издржи“, вели новинарот на Скај Италија, Пепе Ди Стефано.

Тренерот Пиоли и лекарскиот тим не му дозволуваат да игра, но и покрај тоа Златан сака да биде присутен, сака да влезе барем во последните 5-10 минути, сонува за титулата. Тој не тренира со тимот од вторник до петок бидејќи го мачи коленото, има силни болки.

Тој има само две опции ова лето. Или да стави крај на кариерата или да оди на ризична комплетна операција на коленото и да се подготви за уште една сезона. Единствен мотив за него е Лигата на шампиони, но шансите да ја заврши кариера се 90%.

„Тој не може да игра повеќе од 10-15 минути, ова ми го потврдија лекарите на Милан. Коленото му отекува и го спречува да трча нормално. Операција? Можеби болките ќе му стивнат за неколку месеци. Златан е погоден и од смртта на Риола, што пак може да биде пресврт, иако најголемата причина е коленото“, открива новинарот на Скај Италија.

ПретходноСтеф Кари донесе чудесен пресврт, неочекуван јунак го урна Милкови (ВИДЕО)
СледноГодините се само бројка за мак-гол машина: Кирил Лазаров го слави 42. роденден