Стеф Кари донесе чудесен пресврт, неочекуван јунак го урна Милкови (ВИДЕО)

251

Голден стејт е на победа до конференциското финале во кое немаат играно од 2019 година. Главен виновник за ова е Стеф Кари, во последните 46 секунди постигна осум слободни флрања за пресврт против Мемфис и победа од 101-98 за 3-1 во серијата.

Кари на крајот запиша 32 поени, осум асистенции и пет скока за тимот кој на два часа остана без Стив Кер, кој беше позитивен на коронавирус. Најдобриот кошаркар на Вориорс изедначи на 90-90 на три минути и 25 секунди до крајот, а потоа постигна две слободни фрлања на 47,5 секунди за целосен пресврт и водство на својот тим од 94-93.

Зад него бепе Вигинс со 17 поени и 10 скока,, Томпсон и Пул имаа по 14 поени.

Ботстон го совлада Милвоки со 108-116 и изедначи во серијата на 2-2. Јунакот на Селтикс е Ал Хорфорд, кој за неполни месец дена ќе наполни 36 години. Доигра неверојатен натпревар, постигна 30 поени со 11/14 од поле, додаде осум скока.

 

На другата страна, Јанис Адетокумбо имаше 34 поени, 18 скока и пет асистенции, што пак не беше доволно за победа на неговиот тим.

ПретходноАнте Жижиќ имал само едно прашање откако си дошол на себе во болница
СледноСкај тврди дека Ибрахимовиќ плаче од нереални болки