Суспендиран теренот на Шкендија, се чека само на казната

840

Дефинитивно тимот на Шкендија ќе сноси консеквенци за она што се случуваше викендот на дуелот со Шкупи. Хаосот кој настана, пред и за време на мечот, не остана незабележан, па така, натпреварувачката комисија при ФФМ предмалку донесе одлука со која го суспендира Гратскиот стадион во Тетово, како домашен на тимот на Шкендија, и овој клуб нема да има право да игра на него извесен период.

Клубот сега е предаден на дисциплинската комисија и таа ќе одлучува за висината на казната со која што се соочува Шкендија.

Состанокот е во тек и наскоро ќе бидат познати и одлуките од истиот.

ПретходноЈуве и Матиќ веќе се договорени!?
СледноАстон Вила го откупува Кутињо за 21 милион