УЕФА ги одреди 10-те града каде ќе се игра ЕВРО 2024

329

УЕФА денеска заедно со Германија како организатор на следното Европско фудбалско првенство во 2024 година, ги објави градовите кои ќе ја имаат улогата на домаќини на натпреварите.

Европското првенство во Германија ќе се игра во десет градови: Берлин, Хамбург, Лајпциг, Дизелдорф, Франкфурт, Дортмунд, Гелзенкирхен, Франкфурт, Штутгарт, Келн и Минхен.

Интересно, ова се истите градови кои беа домаќини и на Светското првенство во 2006 година, со исклучок на Кајзерлсаутерн и Нирнберг.

Отворањето и првиот меч ќе бидат на 14 јуни на „Алијанц Арена“ во Минхен, додека финалето ќе се игра на 14 јули на Олимпискиот стадион во Берлин.

На првенството ќе учествуваат 24-те најдобри европски селекции кои ќе бидат поделени во шест групи со по четири селекции, а титулата ќе ја брани репрезентацијата на Италија.

ПретходноКадетите на Струмица се нови државни шампиони
СледноИ во Германија се “мести“: На двете екипи им одговараше 1:1, па само си додаваа! (ВИДЕО)