Извршниот комитет на УЕФА дека и официјално го потврди новиот формат на Лигата на Шампионите од сезоната 2024/25. Имено, како што и се најавуваше, од таа сезона место 32 екипи во групната фаза во ЛШ, ќе има 36 клубови кои ќе играат по т.н. “Швајцарски систем“.
Познато е дека нема да има групна фаза туку секој тим по осум наместо сегашните шест натпревари. Ќе има само една група, а најдобро пласираните осум екипи директно ќе одат во осминафинале, додека оние од 9. па се го 24.место ќе играат плеј – оф и така ќе се добијат уште осум екипи за во осминафиналето.
Ново е тоа што едно место плус добива петтата земја рангирана според коефициентот на УЕФА, додека второто место ќе го добијат “малите“ земји. Тоа значи дека пет места наместо сегашните четири места од шампионскиот пат во квалификациите ќе добијат учество во Лигата на Шампионите. Другите две места ќе ги добијат клубовите од најсилните земји според рејтингот на УЕФА.