Хрватите тврдат: Бабиќ се враќа дома, ќе биде тренер на женска екипа ?

406

Жељко Бабиќ е пред излезните врати на Е.Пелистер, најава која стана јасна по дуелот меѓу битолскиот тим и Вардар 1961 за титулата. Хрватскиот стратег не успеа да го добие најважниот меч оваа сезона, тој и неговите момци никогаш не биле поблиску до тронот. За враќање на пехарот во Битола после 17 години во игра беше и реми, но актуелниот македонски првак покажа зошто е репрезент во најсилното европско клупско натпреварување и си замина со целиот плен, а фановите на Е.Пелистер ги фрли во очај.

Главен виновник по еден ваков неуспех секогаш е тренерот. Според хрватските медиуми Бабиќ најверојатно ќе се врати во својата родна земја и ќе биде тренер на Подравка.

Тој на Е.Пелистер успеа да и донесе пехаро во Супер Куп и на струшкиот турнир, нешто што е далеку од очекувањата. Можбени „сламка“ за спас ќе биде Купот на Македонија, но ќе биде многу тешко да ги разубеди челниците дека тој е вистинскиот за исполнување на поголеми дострели.

За постетување во следната сезона битолскиот клуб ќе претрпи големи промени во ростерот, речиси сите странци ќе си заминат, а веќе дел од новите засилувања се потпишани.

ПретходноМароко и Халилхоџиќ доаѓаат во Скопје!?
СледноЌе се игра НБА во Абу Даби