Повремениот македонски фудбалски репрезентативец Никола Ѓорѓев ја продолжи голгетерската форма во дресот на швајцарскиот второлигаш Шафхаузен. На денешното гостување кај Тун, неговиот тим однесе убедлива победа од 5:2 со која останува на првото место на табелата во швајцарската Челинџ лига и е најсериозен кандидат да избори директен пласман во швајцарската фудбалска елита.
Ѓорѓев погоди за пресврт водство на Шафхаузен во 3:1. минута, кога неговиот тим успеа да поведе со 2:1. Ѓоржев остана во игра до 83. минута кога беше заменет.
Шафхаузен е на делба на првото место на табелата со Арау со кого имат еднаков број бодови, 62.