Готово е: Рудигер е нов “КРАЛ“, Реал доби екстра дефанзивец!

226

Готово е, Антонио Рудигер, досегашниот стопер на Челзи од 1 јули е нов фудбалер на Реал Мадрид. Како што пренесуваат медиумите во Англија и Шпанија, германскиот фудбалер потпишал договор од четири години а неделната плата ќе му биде 315.000 фунти, додека “кралевите“ ја поставиле откупната клаузула на 340 милиони фунти.

Со овој потег Реал Мадрид покажува дека не се шегува. Рудигер беше една од трите големи летни трансферни желби на Дон Флорентино, покрај него тука се и Килијан Мбапе и Пол Погба. Првата ја оствари, останува да се види дали тоа ќе биде случај и со останатите две.

Инаку се уште се чека на официјална потврда на овој трансфер од страна на “кралевите“.

ПретходноДортмунд на оригинален начин се пофали со Адејеми!(ФОТО +ВИДЕО)
СледноЛШ – квалификации 1.коло: Шкупи за потенцијални ривали ги има Малме, Карабах, Лудогорец, Шериф, Бодо/Глимт….