Откако ги одигра последните 10-15 минути од мечот со Торино, Елиф Елмас го впишал својот 124 настап во дресот на Наполи, во еден од италијанските фудбалски гиганти. Тоа значи дека со тој настап нашиот Дијамант го стигнал Горан Пандев, кој во дел од својата кариера играше за тимот од Неапол. Сега и двајцата се на 108.место на вечната листа хна Наполи по број на настапи.
Елмас со уште еден настап ќе го стигне и Руди Крол, легендарниот Холанѓанец, дел од златната генерација на репрезентацијата на таа земја во седумдесетите години на минатиот век.