Сега и официјално “БОМБАТА“ е потврдена. Ерлинг Халанд е нов член на Манчестер Сити. Ова пред половина час го потврди и самиот клуб со информација на своите социјални мрежи. Секако разбирливо е дека не се споменуваат деталите околу самиот трансфер, но најважно за Сити и Пеп Гвардиола е што за следните пет сезони добиваат мега -засилување.
Се напоменува дека од 1 јули Норвежанецот и официјално е нов член на Манчестер Сити. Таков е договорот со Борусија Дортмунд, сега останува само да се официјализираат барањата на самиот фудбалер.
Да потсетиме дека пребогатиот Сити на Дортмунд ќе мора да му исплати 75 милиони евра за откупната клаузула.