Голден стејт е на победа до конференциското финале во кое немаат играно од 2019 година. Главен виновник за ова е Стеф Кари, во последните 46 секунди постигна осум слободни флрања за пресврт против Мемфис и победа од 101-98 за 3-1 во серијата.
Кари на крајот запиша 32 поени, осум асистенции и пет скока за тимот кој на два часа остана без Стив Кер, кој беше позитивен на коронавирус. Најдобриот кошаркар на Вориорс изедначи на 90-90 на три минути и 25 секунди до крајот, а потоа постигна две слободни фрлања на 47,5 секунди за целосен пресврт и водство на својот тим од 94-93.
Зад него бепе Вигинс со 17 поени и 10 скока,, Томпсон и Пул имаа по 14 поени.
Ботстон го совлада Милвоки со 108-116 и изедначи во серијата на 2-2. Јунакот на Селтикс е Ал Хорфорд, кој за неполни месец дена ќе наполни 36 години. Доигра неверојатен натпревар, постигна 30 поени со 11/14 од поле, додаде осум скока.