Кошаркарите на Голден Стејт се најдоа на чекор до финалето во Западната конференција во НБА-лига, откако во четвртиот меч го совладаа Мемфис со 101-98. Вориорс поведоа со 3-1, благодарение на Стеф Кари, кој на оваа средба влезе во историјата на најсилното светско клупско натпреварување.
Според многумина еден од најдобрите шутеири на сите времиња стана првиот играч кој стигнал до бројката од 500 погодени тројки во доигрувањето. Јубилејната тројка ја постигна пред крајот на полувремето, а истата беше поздравена со овации од страна на домашната публика.
Кари со оваа тројка продолжи да ги поместува границите, минатата сезона тој го мина Реј Ален на вечната листа на тројки, постигна 3.000.
#SPLASH💦 No. 500 https://t.co/V67tBzHDCP pic.twitter.com/O05jPVmz7s
— Golden State Warriors (@warriors) May 10, 2022