Јуве и Матиќ веќе се договорени!?

183

Немања Матиќ по се изгледа дека следната сезона ќе биде дел од тимот на Јувентус. Искусниот, 33. годишен интернационалец од Србија го завршува долгогодишниот престој на Олд Трафорд, и го раскинува договорот со Јунајтед за да замине во друг клуб. Јувентус е тимот кој е во интензивни преговори со Матиќ и кој му има ветено 12 милиони евра за потпис, плус, 100.000 евра неделна плата.

Матиќ сеуште смета дека може да игра на највисоко ниво, и нема да замине во некоја егзотична фудбалска дестинација. Истото очигледно го мисли и Јувентус, па ќе го плата со сериозна сума. Матиќ мина на Олд Трафорд пет сезони откако пристигна од Челзи во 2017 година.

 

 

ПретходноЌе се игра НБА во Абу Даби
СледноСуспендиран теренот на Шкендија, се чека само на казната