Ќе се игра НБА во Абу Даби

102

Во рамките на предсезоната која ќе стартува на лето, НБА екипите на Милвоки и Атланта ќе одиграат две пријателски средби во Абу Даби, со што ќе се испиша нова страница од историјата на најсилната кошаркарска лига на светот.

За прв пат две НБА екипи ќе заиграат во Обединетите Арапски Емирати односно во Персискиот залив.

Двата меча ќе бидат одиграни на 6. односно 8. октомври во „Итихад“ арената. Од порано се договорени мечевите Голден Стејт и Вашингтон, на 30. септември односно 2. октомври во Сајтам, Јапонија.

ПретходноХрватите тврдат: Бабиќ се враќа дома, ќе биде тренер на женска екипа ?
СледноЈуве и Матиќ веќе се договорени!?