Раководството на ФФМ на Конгресот на УЕФА во Виена

274

Во Виена се одржа 46. редовен Конгрес на УЕФА, на кој присуствуваше и делегација на Фудбалската федерација на Македонија.

Зголеменото финансирање за „Хет-трик“ програмата за развој, меѓу другото, беше на дневен ред.

Фудбалската федерација на Македонија го претставуваа претседателот Муамед Сејдини и генералниот секретар, Филип Поповски.

На Конгресот во главниот град на Австрија, Европската фудбалска Асоцијација значително го зголеми износот на средства наменети за развој на фудбалот на стариот континент.

Помеѓу 2024. и 2028. година, секоја Национална федерација ќе има на располагање 17 милиони евра за програми за едукација и развој, како што се програмите за општествена одговорност, обука на тренери и судии и за финансирање на фудбалската инфраструктура. Од почетокот на програмата „Хет-трик“ во 2004 година, во европскиот фудбал се инвестирани 2.5 милијарди евра.

На Конгресот беше претставен значаен напредок во женскиот фудбал во Европа, особено значајно во пресрет на претстојното Европско првенство во Англија.

Усвоени се извештаите на претседателот на УЕФА и Извршниот одбор, како и администрацијата на УЕФА за натпреварувачката сезона 2020/2021 година, финансиските извештаи за истиот период и буџетот за финансиската 2022/2023 година. Конгресот го ратификуваше изборот на нови членови во органите на УЕФА. Следниот е закажан за 5. април 2023 година во Лисабон.

ПретходноЛК- квалификации 1.коло: “Пандевци“ би можеле со Флора, Рига, Будуќност, Лачи…Шкендија како носител ќе има лесна задача!
СледноВо Струмица се враќа елитната на македонска кошаркарска карта