Сара Ристовска и нејзината ЦСКА Москва се на чекор до финалето во рускиот шампионат, откако запишаа убедлива победа на гостувањето кај Ѕвезда Звенигород од 20-37 во првиот полуфинален меч.
Реваншот се игра на теренот на тимот на ЦСКА, по едно вакво издание јасно е дека финалето е веќе обезбедено.
Македонската репрезентативка натпреварот го заврши со два погодоци од исто толку обиди.