Араухо имал потрес на мозокот, ноќта ја мина во болница

209

Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Роналд Араухо, синоќа предизвика страв и кај навивачите и кај сите присутни на „Камп Ноу“ за време на мечот со Селта, откако по еден директен удар во главата ја загуби свеста и мораше со болничко возило да биде транспортиран во каталонскта клиника. Уругваецот брзо доби лекарската помош, а како што соопштија од болница, тој таму ја поминал ноќта под лекарска опсервација.

Барселона по натпреварот извести дека Араухо има потрес на мозокот и дека ќе биде подложен на дополнителни тестови.

„Се може да се случи. За среќа, утре, ако се биде добро, тој ќе биде дома. Бевме преплашени, но докторот ни кажа дека е добро“, изјави тренерот Чави.

ПретходноФеникс го прегази Далас и дојде на чекор до конференциско финале (ВИДЕО)
СледноДали Сан Антонио Спарс навистина ќе се преселат во Остин?