Барселона е на добар пат да го завери своето место на фајнл-фор завршницата во Лигата на шампиони. Каталонскиот гигант на гостувањето кај Фленсбург славеше со 29-33 во првата четвртфинална пресметка. По оваа средба Барселона продолжи со позитивниот биланс во овој дел од сезоната во ЛШ, пет години е без пораз во четвртфиналето. Последен пат била поразена од Кил во 2017 година.
Шпанскиот тим доминираше на оваа средба, како едвај да чекаше да се врати во мечевите од најсилното европско клупско натпреварување. Уште во првото полувреме водеше и со седум гола разлика, откако отвори со 1-6, дојде на 2-9 и 4-11. Домашниот тим на одморот намали на 13-18.
И во воведните минути од вториот дел, Барса неколку пати имаше највисоки седум гола разлика (17-24). Фленсбург единствено што успеа да направи да намали на три гола разлика.
Бен Али постигна осум гола од исто толку обиди. Мем постигна шест, Емил Јакобсен со девет постигнати гола беше најдобар кај домаќинот.