Тимот на Барселона потврди, а медиумите во Шпанија пренесоа, дека Роналд Араухо ја напуштил болницата каде што ја мина ноќта и дека се чувствува далеку подобро. Тестовите направени синоќа покажале дека се работи само за посилен потрес на мозокот, и дека нема посериозна повреда.
На вчерашниот дуел проти Селта на домашен терен, Араухо се здоби со повреда при удар со главата, и се струполи на тревата само неколку секунди потоа. Сите беа во шок, беше одведен со амбулантно возило во болница веднаш но за голема среќа тој набрзо потполно ќе се опорави и ќе се врати на терен.