Бензема потпишува нов договор со Реал Мадрид!

244

Карим Бензема,моментално најдобриот фудбалер на Реал Мадрид, ако не и во светот на фудбалот, во текот на следната недела ќе потпише нов договор со “кралевите“.

Секако дека ова е радосна вест за сите фанови на Реал, посебно ако се знае тој имаше фантастична сезона која со своите голови и супер настапи помогна и тоа како клубот “Бернабеу“ да се најде во финалето во ЛШ, но и да ја освои Ла Лига.

Инаку неговот договор со Реал истекува следното лето, во јуни 2023 година. Но Флорентино Перез има намера да потише нов со репрезентативецот на Франција и тоа до јуни 2024 година.

ПретходноЧеферин: Би можеле Реал, Барса и Јуве да ги исфрлиме од Лигата на Шампионите!
СледноПротив Украина на Нечми Кадиоглу во Истанбул