Тимот на Вардар е финалист во купот на Македонија за младинци откако предмалку на теренот во Хиподром, во полуфиналето по подоборото изведување на пеналите, 4:3, беше совладан тимот на Шкупи.
Претходно, регуларниот дел од мечот заврши 1:1, а стрелци беа Стефан Стојановски во 51. минута односно Емир Асани осум минути подоцна.
Вардар сега го очекува исходот од второто полуфинале, помеѓу екипите на Шкендија и Академија Пандев кое се игра утре за да го дознае противникот за финалето.