Го купија за 80 милиони, сега молат да го продадат за 10 милиони евра

527

Челзи е подготвен ова лето да се раздели со вториот голман Кепа Аризабалага. Според информациите, на „Стемфорд Бриџ“ се надеваат дека ќе добијат барем неколку понуди за шпанскиот голман кој не е во плановите на менаџерот Томас Тухел.

Кепа и понатаму е најскапиот голман во светот, откако лондончани за него платија неверојатни 80 милиони евра при трансферот од Атлетик Билбао во 2018 година. Тој постепено го загуби стартното место на сметка на Едуард Менди и сега и самиот инсистира да си замине.

Кепа има договор со Челзи до 2025 година, но клубот се надева дека ќе најде купувач за него ова лето. Во моментов цената на Шпанецот падна на 10 милиони евра и многу тимови можат да си дозволат да ја платат отштетата за негово заминување.

ПретходноБарса победи, но го загуби Араухо (ВИДЕО)
СледноФеникс го прегази Далас и дојде на чекор до конференциско финале (ВИДЕО)