Дали Сан Антонио Спарс навистина ќе се преселат во Остин?

159

Сопственикот на Сан Антонио Спарс, Питер Холт изјави дека нема ништо во најавите дека клубот ќе се пресели во градот Остин во Тексас.

Според најавите на американските медиуми, сопственикот на франшизата планирал за промена на градот каде настапува тимот, па дел од шпекулациите го сместуваа во градот Остин.

„Сакам да ве уверам дека Спарс ќе останат во Сан Антонио. Моето семејство дојде во Сан Антонио во 90-тите бидејќи постоеше реална закана дека тимот ќе се пресели. Не дозволивме тоа да се случи тогаш и нема да дозволиме да се случи сега. Спарс се нераскинливо поврзани со Сан Антонио и неговите луѓе“, напиша Холт на својот Твитер профил.

ПретходноАраухо имал потрес на мозокот, ноќта ја мина во болница
СледноСерија А размислува да воведе „ВАР-челинџ“ како во тенисот