Ди Марија се чуди, но Меси не им обрнува внимание!

267

Фудбалерот на ПСЖ, Анхел ди Марија изјави дека неговиот соиграч Лионел Меси на обрнува внимание на свирежите од страна на домашните навивачи.

Аргентинецот на почетокот на сезоната дојде како слободен играч од Барселона, постигна само девет гола на 32 меча во сите натпреварувања.

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња на еден од натпреварите, вклучуваќи го и клучниот против Реал Мадрид во Лигата на шампиони, беше исвиркуван, нешто што Ди Марија не може да го сфати, Меси според него не треба да биде мета.

„Свирежи до најдобриот светски фудбалер, тешко е да се поверува. Но, тука во клубот, луѓето, жестоките навивачи гледаат дека во клубот доаѓаат најдобрите играчи, а ние потоа испаѓаме во осминафиналето од Лигата на шампионите, нормално е дека се разочарани. Тоа се случува насекаде.

Тука тоа му се случи на најдобриот во светот. Лео не обрнува внимание, тоа е детал. Тоа е фудбал. Знаеме дека мора да биде така. Мораме да бидеме силни. Тоа е фудбалот, ваквите работи се случуваат“.

Ди Марија седум години го носеше дресот на ПСЖ, во јуни му истекува договорот, Јувентус му понуди соработка од една година, но нема да биде чудо ако се врати во Аргентина.

ПретходноГотово е: Ајакс по 36-ти пат е првак на Холандија! (ФОТО)
СледноСелтик ја врати “круната“ во Шкотска и стигна до својата 52. „ѕвездичка“! (ФОТО)