Драмата во Париз без победник, патникот за Ф4 ќе се решава во Кил

127

Првата четвртфинална пресметка меѓу ПСЖ и Кил понуди вистинска ракометна претстава, еднаква на двата тима и реномето кое го уживаат во европскиот крем. На крајот дуелот заврши без победник (30-30), иако германскиот тим имаше добри шанси да дојде до предност пред реваншот кој го игра на домашен терен за седум дена.

Кил се чинеше дека ја има контролата на мечот, особено по 16-20 во 38. минута, но францускиот тим предводен од Винсет Жерар, Шипжак, Стеинс и Ремили успеа да израмни на 21-21 за голема драма и финиш кои сите го посакуваат.

Кил во 52. минута дојде на плсу два (25-27), но избаниците на Раул Гонзалес се вратија во дуелот. Вајнхолд постигна гол за 29-30, на другата страна Куку израмни на 30-30.

Ремили со осум гола беше прв стрелец кај ПСЖ, Шипжак имаше еден погодок помалку. На другата страна Сагосен запиша шест гола, Пекелер пет.

ПретходноЧелзи со тројка го “поздрави“ Лидс! (ВИДЕО)
СледноОриги заминува бесплатно во Милан