Повредата на Фабињо не изгледа сериозно, може да игра во финалето во ФА Купот

130

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп ги отфрли стравувањата за тежината на повредата на играчот од средниот ред Фабињо, откако играчот на Ливерпул беше принуден да излезе од игра во првото полувреме на синоќешната победа од 2-1 над Астон Вила.

Тој мораше да биде заменет со Џордан Хендерсон, па сега неговиот настап на саботното финале во ФА Купот против Челзи е под знак прашалник.

„Почувствува истегнување на мускулот, но не изгледаше сериозно. Тој е доста позитивен, но не сум сигурен што можам да направам со него. Ќе видиме. Мислам дека ќе биде подготвен за финалето на ФА Купот. Сепак, треба да направиме дополнителна проценка за неговата состојба“, изјавил Клоп.

ПретходноДобитничката на МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ од Скопје остана побогата за ново исуство од 1.455.480 денари
СледноНиколов и Начевски ќе го судат реваншот меѓу Кил и ПСЖ