Клоп: Фантастичен менталитет, затоа сме тука каде што сме

129

Тимот на Ливерпул синоќа имаше мали проблеми да дојде до уште една победа во Премиер лигата откако по само три минути игра на дуелот со Астон Вила беше во негатива. Сепак, фаворитот се исправи пред предизвикот и успеа да стигне до нов триумф, за продолжување на битката за титулата.

„Извонредно, неверојатно. Менталитетот е во прашање. Доаѓајќи на натпреварот, пет пати го променивме стартниот тим. Ни требаше малку време за да ја пронајдеме нашата игра, затоа што противникот беше во мечот од првата минута. Бргу се прилагодивме, тоа е најважно. Да моите играчи не се добри колку што се, сега ќе разговаравме сосема поинаку. Нивниот квалитет, карактер и менталитет се причината зошто сме онаму каде што сме“ – изјави Клоп.

FOTO REUTERS/Craig Brough via Guliver image
ПретходноВардар е финалист во младинскиот куп
СледноМазрауи е нов играч на Баерн Минхен