И натаму трае неизвесноста околу кариерата на Дејан Манасков. Македонскиот репрезентативец и официјално по завршување на сезоната ќе се раздели во Веспрем.
Манасков во редовите на унгарскиот тим дојде во 2017 година од Рајн Некар. Во последната година од неговиот договор не се изнаигра, тој се повреди и веќе долго време е е надвор од терените, се уште работи за целосна рехабилитација.
Денеска романските медиуми пишаа дека Динамо Букурешт ќе биде неговата следна дестинација, но македонскиот репрезентативец веднаш ја демантираше оваа информација. На социјалните мрежи пиша дека истата е лажна.
Каде ќе го гледаме во следната сезона, останува да биде познато наскоро.