МЗТ Скопје во Кавадарци по нови бодови за врвот, Еуро Никел во „тесно“

93

Актуелниот македонски првак продолжува со битката за врвот, кој го дели со Пелистер, а за да запоседне, потребен е кикс на директниот конкурент и совршен крај на Супер-лигата.

За исполнување на оваа мисија денеска (18 часот) ќе мора да го освои Кавадарци. Избраниците на тренерот Александар Петровиќ седум пати по ред излегле како победници во пресметките со Еуро Никел, последниот пораз го запишале пред година и пол. Покрај ова МЗТ Скопје има и пет победи во серија во Супер-лигата.

Но, нема да биде лесно. Еуро Никел влезе во серија од три порази. Мора да го прекине овој лош тренд за да остане на позицијата која носи место во плеј-офот.

Останатите две средби од Супер-лигата се играат утре ТФТ е домаќин на Пелистер, додека Феникс на Гостивар.

Денеска ќе се одиграат сите три меча од плеј-аутот. Ангели на гостувањето кај Академија ФМП (18 часот) ќе бара нови бодови за исчекор кон опстанокот, првата средба во овој дел од натпреварувањето му припадна токму на дебитантот.

На останатите две средби, Работнички е домаќин на МЗТ Скопје 2, кој веќе нема шанси да остане во „елитата“, додека Куманово ќе игра против Кожув. Овие два меча се закажани со почеток во 18:30 часот.

ПретходноМладите договорија пријателски со Босна на 10 и 12 јуни
СледноАлбански политичар го ограбил Бензема