Најдобрите македонски ракометни судии, Славе Николов и Ѓорѓи Начевски се делегирани да го судат натпреварот меѓу Кил и ПСЖ во рамките на четвртфиналните средби од Лигата на шампионите.
Германскиот и францускиот гигант денеска го играат првиот меч од четврфиналната пресметка, а реваншот е на 19 мај во Германија. Нашите најдобри судии ќе го судат токму решавачкиот дуел од кој ќе биде познат еден од учесниците на Ф4 турнирот.