Белгискиот интернационалец Дивог Ориги ќе биде нов член на тимот на Милан. Досегашниот играч на Ливерпул ќе си замине бесплатно од „Енфилд“, затоа што е активирана клаузулата во неговиот договор, која гласи: напаѓачот е слободен да си оди доколку не одигра одреден број на мечеви во текот на сезоната.
Ориги речиси и да не доби шанса во жестоката конкуренција во тимот, и неприкосновените, Салах, Мане и Фирмињо, па реално е и што си заминува во друг клуб.
Ориги беше стрелецот на голот за Ливерпул во финалето од Лигата на шампионите, а е една од замените за Златан Ибрахимовиќ.