Изминативе денови се одиграа и последните кола од Супер лигата и Првата лига на Македонија во државниот шампинат во пинг-понг. Со овие натпревари, практично беа комплетирани и резултатите од регуларниот дел од сезоната 2021/22.
Во Супер лигата екипите на ППК Крива Паланка 2007, ППК Младост 96, ППК Шампион Фа и ППК Телеком Нец 2 ќе играат во плеј-офот за одредување на новиот шампион. Екипата на ППК Младост е пред екипата на ППК Рисови заради подобар скор на добиени/изгубени сетови во меѓусебните дуели (23/22), а поради истата причина, екипата на ППК Радовиш е пред екипата на ППК Работнички (28/26). Овие две екипи ќе играат бараж за опстанок во Супер лигата со екипа од Првата лига. Екипата на ППК Вардар испаѓа од Супер лигата и следната сезона 2022/23 ќе игра во Прва лига.
Во Прва лига екипите на ППК Зегин Берово и ППК Крива Паланка се пласираат дирекно во Супер лигата во сезоната 2022/23. Екипите на ППК Телеком Нец и ППК Кочани ќе играат бараж натпревар со екипа од Супер лига за влез во Супер лигата за сезона 2022/23.
Екипите на ППК Дебар Маало и ППК Кратово ќе играат бараж натпревари со екипа од Втора лига за место во Првата лига за сезона 2022/23.
Плеј-офот ќе започне на 21 мај со првиот полуфинален натпревар. Бараж натпреварите за влез во Супер лига ќе се играат на 22 мај, а бараж натпреварите за влез во Прва лига ќе се играат на 04 јуни.