Работнички одново ја доби битката за со вториот тим на МЗТ Скопје во плеј-аут лигата, на домашен терен славеше со убедливи 87-69.
Избраниците на Игор Михајловски мечот го решија во првото полувреме. Поведоа со 25-11 по првите десет минути, додека на одморот заминаа со водство од 42-30. Со добрата игра во третиот период најавија дека оваа средба ќе заврши во нивна корист.
Балмазовиќ со 30 поени и 15 скока повторно беше лидер кај тимот од „Градски парк“, Горјан Марковски имаше 16 поени.
На последната средба од плеј-оф друштвото, Кожув го освои Куманово беше подобар со 66-73. Добрата игра во првата четвртина им даде сила на гевгелијачни, поведоа со 21-9, на полувремето водеа со 21-45. Домашните кошаркари се разбудија во следниот период, но недоволно за да го одбранат својот терен.
Деј и Унрих со по 18 поени беа први стрелци, Николиќ кај Куманово со 22 поени беше најдобар на теренот.