Сити како “машина“, блескаше Де Брујне, титулата се смешка! (ВИДЕО)

198

Вулверхемптон – Манчестер Сити 1:5 е епилогот од вечерашиот меч од 36.коло во Премиер – лигата, еден од клучните во битката за титулата. Со овие три бода четата на Пеп Гвардиола и натаму имат три бода предност пред Ливерпул, но сега само на две кола до крајот. Се чини дека се смешка шампионскиот пехар,

Вечерва блескаше Кевин де Брујне кој од 7. па се до 24.минута, значи за 17 минути успеа да постигне хет – трик. Вулфси се заканија само на почетокот кога успеаја да израмнат на 1:1, тоа само ги разлути “граѓаните“ кои броеја до пет. Останатите два гола за Сити беа дело на Де Брујне, негов четврти вечера, во 60.минута и на Стерлинг во 84.минута.

Де Брујне во 90.минута можеше да постигне и петти гол, но неговиот шут заврши во стативата.

ПретходноОриги заминува бесплатно во Милан
СледноСпектакуларно финале во Рим: Интер го “СКРШИ“ Јуве! (ВИДЕО)