Очекувано со оглед на тоа дека финалето во ЛШ ќе се игра во Париз и што Франција со децении наназад немала судија кој ја делел правдата во најзначајниот меч во клупскиот фудбал во една сезона.
Клемен Турпан е одреден за главен судија за финалето во Лигата на Шампионите во кое на “Стад де Франс“ во Париз на 28 мај се среќаваат гигантите Ливерпул и Реал Мадрид.
Ние го паметиме по добро, имено тој и судеше на Македонија во Паклермо, во мечот кој со голот на Трајковски ја победивме Италија.
Инаку Турпан важи за еден од најдобрите судии во се светот, лани тој го судеше и финалето во Лигата на Европа.