Феникс го прегази Далас и дојде на чекор до конференциско финале (ВИДЕО)

178

Кошаркарите на Феникс поведоа со 3:2 во полуфиналната серија против Далас во Западната конференција, откако синоќа победија со 110:80 и практично се на чекор до конференциското финале.

Момците од Аризона беа предводени од одличниот Девин Букер кој мечот го заврши со 28 поени, седум скока, две асистенции и две украдени топки. Денадре Ејтон постигна 20 поени со девет скока, а Мајкл Бриџис и Камерон Џонсон постигнаа по 14 поени.

Во тимот на Далас најефикасен беше Лука Дончиќ со 28 поени, 11 скока, три украдени топки и две асистенции. Џејлен Бренсон постигна 21 поен и седум скока, а Дејвис Бертанс додаде 10 поени.

Феникс го доби натпреварот со серија од 11:4 во третата четвртина, со двете „тројки“ на Букер за водство од 61:50. Далас во првите шест минути од третата четвртина постигна само четири поени, а во текот на таа четвртина имаше 12 загубени топки.

Шестиот натпревар е закажан во ноќта меѓу четврток и петок во Далас.

Кошаркарите на Мајами поведоа со 3:2 против Филаделфија во полуфиналето на Истокот. Синоќа тие победија со 120:85. Седум играчи на Мајами постигнаа двоцифрен број на поени, а најефикасен беше Џими Батлер со 23 поени.

Шестиот натпревар на програмата е ноќта меѓу четврток и петок во Филаделфија.

ПретходноГо купија за 80 милиони, сега молат да го продадат за 10 милиони евра
СледноАраухо имал потрес на мозокот, ноќта ја мина во болница