Хулк може да биде суспендиран на 12 меча откако шутна противнички фудбалер меѓу нозе (ВИДЕО)

211

Фудбалерот од средниот ред на бразилски Атлетико Минеиро, Хулк, би можел да биде суспендиран на 12 натпревари поради инцидентот што се случи на натпреварот од 3. коло на бразилското првенство со Коритиба (2:2).

Во дуел со еден фудбалер на Коритиба, поранешниот бразилски репрезентативец наместо во топката, го удри противникот меѓу нозе. Хулк доби жолт картон за оваа епизода, но сега на сцена стапува спортскиот суд кој најави дека ќе го разгледа инцидентот на 18 мај во Рио де Жанеиро.

Напаѓачот може да добие од 4 до 12 натпревари суспензија доколку судот го препознае неговото однесување како манифестација на физичка агресија.

ПретходноДинамо Букурешт е новиот клуб на Дејан Манасков!
СледноМладите договорија пријателски со Босна на 10 и 12 јуни