На 20 мај на Арената “Тодор Проески“ во Скопје се игра 29.финале во Купот на Македонија. За пехарот во нашето најмасовно спортско натпреварување ќе се борат екипите на Македонија ЃП и Силекс. Кој ќе победи ќе игра на на евто – сцената.
„Лавовите“ по четвртипат ќе настап во големото финале и ќе атакуваат по својот втор пехар. Токму затоа полека, но сигурно се загрева атмосферата во скопската населба Ѓорче Петров од каде и е клубот Македонија ЃП, гордоста на Ѓорче. А се загрева со билборди низ населбата на кои стои дека цело Ѓорче е за “лавовите“, целта е јасна. Фановите на овој клуб во што поголем број да дојдат на Арената следниот петок и да му помогнат на тимот да дојде до пехарот.