Динамо Букурешт е новиот клуб на Дејан Манасков!

349

Како што утрово објавија романските медиуми, Дејан Манасков ќе биде нов играч на екипата на Динамо Букурешт. Според информациите, Динамо планира сериозно да се засили за следната сезона во која сака да се искачи меѓу најдобрите 12 екипи во Европа.

Нашето репрезентативно крило кое ја заврши соработката со екипата на Телеком Веспрем, е еден од трите веќе договорени трансфери, објавуваат романските весници. Меѓу нив освен Дејан Манасков, се и српскиот центар Лазар Кукиќ од Бенфика и Бразилецот Жоао Педро Силва, кој доаѓа од шпанскиот тим Пуенте Женил.

ПретходноПо 57 години „Дерби Д’Италија“ во Купот: Интер никогаш не победил против Јуве во финале
СледноХулк може да биде суспендиран на 12 меча откако шутна противнички фудбалер меѓу нозе (ВИДЕО)