Каков гол на Барела: Интер по првиот дел има водство против Јуве во финалето на Купот! (ВИДЕО)

253

Интер води со 1:0 против Јувентус во финалето во Купот на Италија кое се игра на „Олимпико“ во Рим. Николо Барела уште во 7.минута со фантастичен погодок од околу дваесетина метри го совлада голманот на тимот од Торино, Перин.

По тој гол Јуве имаше барем три идеални шанси, но Хандановиќ беше фантастичен на голот на “неро-аѕурите“.

Секако дека возбудувањата ќе продолжат во вториот дел. Јуве ќе се обиде со сите сили да ја анулира предноста на својот голем ривал.

ПретходноЃорче се “загрева“ за финалето на Купот со билборди! (ФОТО)
СледноГотово е: Ајакс по 36-ти пат е првак на Холандија! (ФОТО)