ЛК- квалификации 1.коло: “Пандевци“ би можеле со Флора, Рига, Будуќност, Лачи…Шкендија како носител ќе има лесна задача!

1087

 

И официјално се знае дека Македонија ова лето во квалификациите ќе ја претставуваат А. Пандев и Шкендија преку првенството, а Македонија ЃП или Силекс преку Купот на Македонија. Интересно е тоа што освојувачот на Купот својата квалификациска одисеја во Лигата на Конференции ќе ја започне од 2.квалификациско коло, додека А. Пандев како неносител и Шкендија како носител, ќе играат во првата квалификациска рунда од ова натпреварување.

Па така А. Пандев за ривал би можел да ги добие еден од следните ривали: Флора Талин (ЕСТ), Рига (ЛЕТ), КуПС (ФИН), Будуќност (Ц.ГОР), Лачи (АЛБ), Дрита (КОС), Б36 Торшавн (Ф. ОСТ), Лиепаја (ЛЕТ),Петрокуб (МОЛ), Европа (ГИБ),Бреидаблик (ИСЛ), ХБ Торшавн (Ф. ОСТ), Милсами (МОЛ)…и други. Се чека крајот на повеќе првенства низ Европа за да се дознае конечната листа.

Шкендија ќе има далеку полесна задача во 1.квалификациско коло со оглед на тоа дека е носител на стартот.

May be an image of 3 people, people playing sports and grass

Па така можни противници за тетовци се: Викингур (Ф.ОСТ), Флориана (МАЛ), Дери Сити (ИРС), Паневезус (ЛИТ), Валмеирас (ЛЕТ), Клифтонвил (С.ИРС), Сеинајоки (ФИН), Гњилане (КОС), Слиго Роверс (ИРС), Дила Гори (ГРУ), Хамрун (МАЛ), Њутаун (ВЕЛ), Мегпаис (ГИБ)…

Се разбира ако Шкендија ова лето “сериозно“ влезе  во Европа тогаш нема да има проблеми, ако не, е тогаш ќе и биде тешко и оваа пречка да ја помине.

Да потсетиме дека ждрепката за 1.квалификациско коло ќе се одржи во Нион на 14 јуни, а натпреварите се закажани за 7 и 14 јули, додека мечевите од 2.квалификациско коло ќе се играат на 21 и 28 јули.

Рековме веќе, победникот во Купот на Македонија директно ќе игра во 2.квалификациско коло во Лигата на Конференции.

ПретходноМанасков ги демантираше романските медиуми
СледноРаководството на ФФМ на Конгресот на УЕФА во Виена